Асфалтиран коловозот на локалниот пат во Мралино, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на Општина Илинден

Во насока на реализација на проектните активности во делот на реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во општина Илинден, асфалтиран е коловозот на главниот локален пат во населено место Мралино во должина од 700 метри и ширина од 5 метри, со изградба и на нова пешачка патека со истата должина и ширина…

Започна реконструкцијата на патниот железнички премин Илинден  

Во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура“, започна реконструкцијата на фреквентниот железнички патен премин Илинден, со што  продолжува модернизацијата на локалната патна мрежа.

Известување – реконструкција на железничкиот премин Миладиновци

Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од (среда) 19.10.2022 година, започнува реконструкцијата на железничкиот  премин Миладиновци со нова  модерна патна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди, тоа ќе овозможи лесно и брзо поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Извршена санација на повеќе улици во неколку населени места во oпштина Илинден

Градежните активности во oпштина Илинден се одвиваат со засилено темпо, при што санирани и  тампонирани се повеќе улици во неколку населени места каде се отстрануваат недостатоците од непристапните локални патни правци.