Отпочна реконструкција на локалниот пат Илинден – Хиподром
Во рамки на проектот за Реконструкција на локалните патишта и улици, Општина Илинден отпочна со реконструкција на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром.
Во рамки на проектот за Реконструкција на локалните патишта и улици, Општина Илинден отпочна со реконструкција на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром.
Почитувани,Ве известуваме дека на ден 28.07.2023 година, ќе се отпочнат градежни активности за изведба на надпатник за поврзување на ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2 во населеното место Бунарџик.Овој проект го имплемтира Дирекцијата за технолошко индустриски зони, и при работа на надвозникот ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат Бунарџик-Ајватовци.Во времетараењето на изведбта на…
Градежните активности во oпштина Илинден се одвиваат со засилено темпо, при што се врши и пробивање на нови улици на повеќе локации во општина Илинден, кои се наоѓаат во урбан и вон урбан опфат, односно во земјоделските предели.
Општина Илинден започна со изградба на нова пешачка патека на улица ,,2” која се протега преку надвозникот на влезот во Општината.
Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше улица ,,415” во населено место Марино која е во должина од 150 метри.
Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден започна со асфалтирање на улиците во населба Јака. Деновиве асфалт доби главната улица ,,120” која е на влезот во населбата во должина од 350 метри. Покрај асфалтирањето ќе биде изградена и пешачка патека по целата должина на улицата.