Општина Илинден ја обновува урбаната опрема, сообраќајната сигнализација,  во целост ги реконструира сите патни железнички премини

Општина Илинден секојдневно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема, во изминатиот период  во неколку населeни места во Општината се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.

Заеднички го креираме буџетот за 2023 година, Општина Илинден работи во служба на граѓаните   

Процесот на изработка на буџетот за 2023 година е во тек, Општина Илинден согласно финансиските  можности, издржливоста и остварливоста на проектите ќе ги интегрира сите предлози на граѓаните во програмата за работа.

Асфалтиран коловозот на локалниот пат во Мралино, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на Општина Илинден

Во насока на реализација на проектните активности во делот на реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во општина Илинден, асфалтиран е коловозот на главниот локален пат во населено место Мралино во должина од 700 метри и ширина од 5 метри, со изградба и на нова пешачка патека со истата должина и ширина…

Започна реконструкцијата на патниот железнички премин Илинден  

Во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура“, започна реконструкцијата на фреквентниот железнички патен премин Илинден, со што  продолжува модернизацијата на локалната патна мрежа.

Завршни работи на пешачката патека во Мралино во должина од 700 метри

Градежните активности во Општина Илинден продолжуваат да се одвиваат со интензивно темпо, финишира изградбата на пешачката патека во н.м. Мралино во должина од 700 метри.