Известување за изведување на градежни работи за изградба на кружен тек

Ве известуваме дека од страна на инвеститорот на Општина Илинден  на ден 18.03.2023 година ( Сабота ) и 19.03.2023 година (Недела ) поради  изградба на  линиски инфраструктурен објект – кружен тек на крстосница помеѓу  ул.2, улица 8 ,улица 9 и новопланирана улица 1 (крак 1 ) КО Илинден во Илинден ќе биде затвортена улица 9…

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

Во Илинден започна реконструкција на пешачка патека во должина од 600 метри

Започна реконструкција на пешачката патека на улица ,,2”  во населба Илинден. Пешачката патека е во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Општина Илинден ја обновува урбаната опрема, сообраќајната сигнализација,  во целост ги реконструира сите патни железнички премини

Општина Илинден секојдневно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема, во изминатиот период  во неколку населeни места во Општината се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.

Заеднички го креираме буџетот за 2023 година, Општина Илинден работи во служба на граѓаните   

Процесот на изработка на буџетот за 2023 година е во тек, Општина Илинден согласно финансиските  можности, издржливоста и остварливоста на проектите ќе ги интегрира сите предлози на граѓаните во програмата за работа.

Асфалтиран коловозот на локалниот пат во Мралино, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на Општина Илинден

Во насока на реализација на проектните активности во делот на реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во општина Илинден, асфалтиран е коловозот на главниот локален пат во населено место Мралино во должина од 700 метри и ширина од 5 метри, со изградба и на нова пешачка патека со истата должина и ширина…