Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата од општина Илинден

Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели 60 смарт таблети во трите основни училишта на територија на општина Илинден, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од второ и IV одделение, како и за ученици од социјално загрозени семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и…

Партерно уредување на дворот на подрачното училиште во Бунарџик во општина Илинден

Деновиве интензивно се работи на партерно уредување на училишниот двор на подрачното училиште во Бунарџик кое е во рамки на ООУ ,,Ристо Крле” – Кадино. Училишниот двор кој подолго време беше запоставен ќе биде поплочен со бекатон плочки на површина од околу 300 метри квадратни. Покрај поплочувањето со бекатон ќе биде уреден и влезот на…

На покривот на средното училиште во Илинден поставени фотоволтаични панели

На покривот на СОСУ ,,Илинден” се поставени фотоволтаични панели, односно, фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија.

Фотоволтаични панели поставени на детската градинка во општина Илинден

Во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија, се реализираше завршен настан за промоција за поставениот прототип од фотоволтаични и термални панели кој се постави на кровот на детската градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Показна вежба за заштита од земјотрес и пожар во средното училиште во општина Илинден

Во СОСУ ,,Илинден” во организација на Општина Илинден и училиштето, а во соработка со Црвениот Крст се одржа показна вежба за заштита во случај на елементарни непогоди.

Реализирана показна вежба за евакуација во случај на елементарни непогоди во ООУ „Ристо Крле“, безбедноста на учениците е врвен приоритет

Општина Илинден во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Противпожарната бригада Скопје и припадници на МВР од полициската станица во Петровец, организираше и успешно спроведе симулациона вежба во ООУ „Ристо Крле“ од  Кадино во случај на елементарни непогоди.