ООУ „Гоце Делчев“ во посета на Институтот за македонски јазик, по повод  Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 Февруари -Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на покана од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, група ученици од ООУ„Гоце Делчев“ – н. Илинден, присуствуваа на манифестацијата приготвена по овој повод. Освен ООУ„Гоце Делчев“ од н. Илинден, на манифестацијата беа поканети училиштата што го носат името на великанот Гоце Делчев, од…

Градинката „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

Со работна средба и доделување плакети за успешно и посветено работење на вработените кои повеќе од 10 години се грижат за најмладите, детската градинка „Гоце Делчев“ од општина Илинден по 13-ти пат го одбележа патрониот празник.

Подобрени условите во ООУ „Браќа Миладиновци” во Миладиновци

Со цел успешно реализирање на воспитно – образовниот процес, како и подобрување на условите за работа во ООУ „Браќа Миладиновци во н.м. Миладиновци, извршени се повеќе активности во училиштето.

Општина Илинден донира смарт таблети за учениците од ООУ „Ристо Крле”

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, денеска додели 34 смарт таблети во ООУ „Ристо Крле”, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од IV одделение, со цел успешно следење на наставата, по новиот концепт и програма.

Во СОСУ „Илинден” се спроведува проект за напредно машинско учење во средното образование

Во организација на Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во просториите на СОСУ Илинден во Општина Илинден, се одржа Multiplier Event „BEST PRACTICE IN TEACHING ML & DS IN VET“ во рамките на проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education…