Одбележана 22-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 22-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Шаренило од маски, смеа и песна во пресред на Денот на шегата во општина Илинден

Во пресред на Светскиот денот на шегата 1-ви Април, ден кој децата со нетрпение го чекаат целата година, денеска во детската градинка ,,Гоце Делчев” и основните училишта во општина Илинден се одржа маскенбал, на кој можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички…

Со ,,Саем на домашно вино” и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.

Одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Со прекрасно продготвена приредба, пред поголем број гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на свечен начин го одбележа 14-тиот патронен празник и 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Кристијан Ангеловски беше најбрз до светиот крст во општина Илинден

На централната манифестација од одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Кристијан Ангеловски од Илинден беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокаа во студените води на езерото кај хотелот Белви и го извади светиот крст.

Одбележување на Водици 2023 во општина Илинден

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со Свештените лица од црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе организира положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден.