Одбележана 24-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Денес, општина Илинден, со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Роберт Петковски, во населеното место Бунарџик, ја одбележа 24-та годишнина од неговата смрт. Како припадник на Министерството за одбрана, тој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На ден, 22.03.2025 година, во Пробиштип ќе се одржи манифестацијата „Зелникот на баба“. Сите заинтересирани коишто сакаат да учествуваат на оваа манифестација можат да се пријават најдоцна до 18.03.2025 година, кај Лиле Томова на телефонскиот број: 078/351-314.

Со закројување на виновата лоза и ,,Саем на домашно вино” одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија со која чиноначалствуваше владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници.

Одбележана 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Во општина Илинден одбележана 153-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев со два настана. По повод празникот детската градинка „Гоце Делчев“ го одбележа 16-тиот патронен празник.

Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски

По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.