Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник “Илинден 2-ри Август“ со настап на Андријана Јаневска и Александар Тарабунов

На ден25.07.2024 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Во општина Илинден се одржа 10 меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче со поддршка од Општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од…

На 20-ти јуни во општина Илинден Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во општина Илинден и оваа година ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има девет годишна традиција во Долно Лисиче. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да се запознаат со сите гости на овогодишниот фестивал од Украина, Романија, Молдавија, Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД…

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев” во општина Илинден

Во знакот на фолклорот и традицијата учениците од ООУ „Гоце Делчев” со бројни активности и културно уметничка програма го одбележаа патронатот на училиштето и 121. годишнина од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.