Изградба на фекална канализација за дел од населба Илинден

Општина Илинден започна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација. На терен отпочнаа градежните работи за изгрaдба на дел од фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац во должина од 4200 метри, како и изградба на препумпни уреди, односно ќе се зафати површина од 46 хектари.

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

Општина Илинден продолжува со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем за фекална канализација кој е во должина од 500 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Марино на улица „409“ и „410“. Дополнително покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој…

Изготвена проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од н.Илинден

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација.

Изградба на фекална канализација во Марино

Во населеното место Марино започна со изградба на фекална канализација на два крака од улица “500“ ,  во вкупна должина од 250 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 20 домаќинства. Новоизградената фекална канализација на овие два крака од улица “500“…

Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино

Пуштена е во употреба пречистителната станица во населеното место Кадино припадна површина 3 која е со капацитет за 1250 еквивалент жители и ќе ги зафати отпадните води од фекалната канализација која е во должина од 3700 метри.