Нови приклучоци на фекалната канализација во Кадино

Екипите на ЈКП „Водовод” деновиве интензивно работат на приклучување на домаќинства кон канализацискиот систем за фекална канализација во Кадино припадна површина 3, каде се вршат нови приклучоци на корисниците од ул.„7” . Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица која е во изградба во ова населено место, со капацитет за 1250 еквивалент…

Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино

Општина Илинден интензивно работи на реализација на капиталниот проект за изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, покрај Главниот отворен канал, којшто минува низ населените места Илинден и Марино, што ќе ги зафати отпадните фекални води што се испуштаат во одводниот канал.

Изградба на колекторскиот систем во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.

Општина Илинден почна со изградба на фекална канализација во населба Јака

Општина Илинден почна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во делот на населба Јака и околината, во должина од околу 7600 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината.