Реализирана показна вежба за евакуација во случај на елементарни непогоди во ООУ „Ристо Крле“, безбедноста на учениците е врвен приоритет

Општина Илинден во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Противпожарната бригада Скопје и припадници на МВР од полициската станица во Петровец, организираше и успешно спроведе симулациона вежба во ООУ „Ристо Крле“ од  Кадино во случај на елементарни непогоди.