Поставена нова сообраќајна сигнализација за поголема безбедност во Општина Илинден

Приоритет во работењето на локалната самоуправа во областа на патната инфраструктура е превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на најзагрозената категорија пешаците и велосипедистите. Во тие рамки е реализацијата на Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната и…

Поврзување на колекторскиот систем Илинден-Марино со препумпен уред

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за изградба на спој на колекторскиот систем на фекална канализација кој минува низ населените места Илинден и Марино со препумпен уред.

Изградба на ново детско игралиште Јака

Општина Илинден отпочна со изградба на ново детско игралиште во населба Јака, пришто денеска увид во работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека ова е второ детско игралиште во Јака, па така децата и од овој дел на населбата ќе добијат ново катче каде ќе можат да го поминуваат…

Асфалтирање на улица „8“ во населба Илинден

Општина Илинден активно работи на реконструкција на улица „8“ во населба Илинден, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на првиот слој асфалт, во должина од 250 метри од вкупно планираните 550 метри.

Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.