Ново улично осветлување на неколку локации во Илинден

Во рамки на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, во населба Илинден на неколку локации поставени се нови линии.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на општина Илинден

Во посета на Општина Илинден денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски посетија неколку локации во Општината, каде во тек е реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Нови приклучоци на фекалната канализација во Кадино

Екипите на ЈКП „Водовод” деновиве интензивно работат на приклучување на домаќинства кон канализацискиот систем за фекална канализација во Кадино припадна површина 3, каде се вршат нови приклучоци на корисниците од ул.„7” . Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица која е во изградба во ова населено место, со капацитет за 1250 еквивалент…

Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во општина Илинден

Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.

Осветлен влезот на Ајватовци со ново улично осветлување

Во населеното место Ајватовци во општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, пришто осветлен е влезот и улица „1” во ова населено место.