Заеднички го креираме буџетот за 2023 година, Општина Илинден работи во служба на граѓаните   

Процесот на изработка на буџетот за 2023 година е во тек, Општина Илинден согласно финансиските  можности, издржливоста и остварливоста на проектите ќе ги интегрира сите предлози на граѓаните во програмата за работа.

Реконструиран коловозот на  патниот  железнички премин Дељадровци-Мршевци, отпочната реконструкција на преминот Миладиновци- Бујковци 

Општина Илинден во соработка со ЈП „Македонски железници  и инфраструктура“ , го реконструираше  коловозот на патниот и железнички премин Дељадровци – Мршевци .

Известување – реконструкција на железничкиот премин Миладиновци

Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од (среда) 19.10.2022 година, започнува реконструкцијата на железничкиот  премин Миладиновци со нова  модерна патна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди, тоа ќе овозможи лесно и брзо поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Започна реконструкција на железничкиот патен премин во Дељадровци

Општина Илинден во соработка со ЈП ,,Македонски железници и инфраструктура” започна со реконструкција и модернизација на железничкиот премин во Дељадровци, а работните активности се предвидува да завршат за седум дена, доколку временските услови го дозволат тоа, период во кој овој патен премин ќе биде целосно затворен за употреба.