Асфалтирање на пешачката патека во Илинден

Во тек е асфалтирање на пешачката патека на улица ,,2” во населба Илинден, во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се наоѓа на една од најфрекфентните делници во општината и се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, во рамките на Акциониот план за чистење на каналската мрежа на територија на општина Илинден за 2023 година, Годишната програма на Општината и Годишната програма на Водостопанство-Скопско поле, во координација со АД Водостопанство-Скопско поле Скопје,  ЈКП ,,Илинден”  и граѓаните од почетокот на годината досега исчистени се…

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

Општина Илинден изврши замена на старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица.

Општина Илинден продолжува со градежни активности, асфалтирана улица „6“ во стопански комплекс „Илинден“

Во Општина Илинден продолжуваат градежните активности со несмален интензитет,  во соработка со општествено одговорни компании се асфалтира  улица „2“ во стопански комплекс „Илинден“.

Општина Илинден ја обновува урбаната опрема, сообраќајната сигнализација,  во целост ги реконструира сите патни железнички премини

Општина Илинден секојдневно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема, во изминатиот период  во неколку населeни места во Општината се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.