Поставена урбана опрема во повеќе населени места во општина Илинден

Општина Илинден интензивно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема. Во изминатиот период во неколку населени места поставени се клупи, канти за отпадоци, реконструкција на заштитни огради, со цел разубавување на просторот и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на сите жителите.

Асфалтирање на локалниот пат – улица 532

Општина Илинден деновиве работи на завршната фаза за реконструкција на локалниот пат – улица 532, на која денеска и утре се врши завршен слој на асфалтирање на коловозот. Покрај асфалтирањето на коловозот, изградена е и пешачка патека во должина на улицата.

Пуштен во употреба новоизградениот парк во Дељадровци

Општина Илинден во изминатиот период интензивно работи на изградба и реконструкција на паркови и детски игралишта, со цел уредување на одредени делови во населените места на нејзина територија.

Со нова градежна машина подновен возниот парк на ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден

Во рамки на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински претпријатија. За таа цел набавена е нова специјална градежна машина-ровокопач.

Асфалтирање на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден го реконструира локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри.

Нов паркинг простор во ООУ ,,Гоце Делчев”

Пуштен во употреба новиот паркинг простор на ООУ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден кој е со капацитет за повеќе од 30 возила. Паркинг просторот е изграден во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м², ограден со зелена површина, како и посебен  дел за велосипеди.