Подобрување на електроенергетската мрежа и напојување
Во соработка со ЕВН, општина Илинден континуирано работи на подобрување на електроенергетската мрежа и напојување.
Во соработка со ЕВН, општина Илинден континуирано работи на подобрување на електроенергетската мрежа и напојување.
Во општина Илинден во тек е реализација на капиталниот проект за комплетна реконструкција на локалниот пат, улица „532“ со должина од 2000 метри и широчина од 6 метри, како и изградба на пешачка патека со широчина од 1,5 метри. Реконструкцијата на овој локален пат којшто е од огромно значење за општината и претставува главна сообраќајна…
Се известуваат граѓаните дека од 16.11.2021 година (вторник), ќе продолжат градежните работи на реконструкција на улица „532“, во должина од 2000 метри.На местото на изведување на градежните работи ќе се применува изменет времен режим на сообраќај, со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, општина Илинден континуирано работи на одржување на постоечката и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на локалните улици и патишта.
Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2021 година, стручни екипи извршија редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.
Во текот на месец октомври општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје изврши машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот низ централниот дел на Миладиновци. Исчистени се 2700 метри (планирани беа 2500 метри), при што се отстранети трска, капини, шавор и друг наносен материјал.