Градоначалникот Георгиевски и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски извршија посета на тековни проекти во општина Илинден

Денеска во посета на Општина Илинден беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски извршија посета на активностите за реализација на тековни проекти во Општината. Заедно извршија увид на градежните работи на кружниот тек и пешачката патека во Илинден кои се наоѓаат на влезот во Општината и претставуваат едни од најфреквентните…

Асфалтирање на пешачката патека во Илинден

Во тек е асфалтирање на пешачката патека на улица ,,2” во населба Илинден, во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се наоѓа на една од најфрекфентните делници во општината и се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на Општината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8”  ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.

Општина Илинден продолжува со градежни активности, асфалтирана улица „6“ во стопански комплекс „Илинден“

Во Општина Илинден продолжуваат градежните активности со несмален интензитет,  во соработка со општествено одговорни компании се асфалтира  улица „2“ во стопански комплекс „Илинден“.

Проект „Зелена Општина Илинден“, засадени нови садници во образовно спортската зона Илинден-Марино

Во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“ денеска е реализирана нова акција во која засадени се над 50 високо растечки декоративни дрвца од повеќе видови, во соработка со општествено одговорни компании со кои во следниот период ќе бидат засадени повеќе од 200 разни садници.

Транспарентно, отворено и отчетно, нови предлози од граѓаните за Буџетот во 2023 година за модерна  и просперитетна Општина Илинден

Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска остварена нова средба со граѓаните, предлозите се значајни во креирањето на иднината на Општина Илинден, преку имплементирање на идеите за идниот развој, заеднички го изготвуваме новиот Буџет за 2023 година.