Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во Ограѓе

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во м.в. Ограѓе, населба Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа за фекална канализација во должина од 960 метри, пришто ќе бидат опфатени домаќинствата од улица.3, ул.5, ул.7 и дел од улица 2. Оваа мрежа на фекална канализација ќе се поврзе со пречистителната станица…

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Во присуство на голем број верници во новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден, се одржа литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители, по повод големиот христијански празник Свети Константин и Елена.

Асфалтирање на улица 36 во населба Илинден

Општина Илинден континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура на нејзина територија. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши асфалтирање на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден.

Градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден кое ќе биде во рамки на Домот на култура „Илинден“.