Изградба на фекална канализација за дел од населба Илинден
Општина Илинден започна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација. На терен отпочнаа градежните работи за изгрaдба на дел од фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац во должина од 4200 метри, како и изградба на препумпни уреди, односно ќе се зафати површина од 46 хектари.