Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во општина Илинден

Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.

Кабинет по природни науки во ООУ „Гоце Делчев” во општина Илинден

Учениците од ООУ „Гоце Делчев” во општина Илинден добија нов опремен кабинет по природни науки (биологија, хемија, физика, математика и природни науки).Кабинетот е опремен со нов мебел, прибор за работа, коишто се очекува да придонесат за квалитетен, современ образовен процес, но и да ја поттикнат истражувачката работа на учениците.

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” се одржа крводарителна акција на која граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

Здружението на бубрежно болни Ренална Поддршка го одбележа Март-месецот на бубрегот

Во Домот на култура „Илинден” во општина Илинден се одржа настан по повод одбележувањето на Март-месецот на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани Ренална Поддршка-Кавадарци. Целта на одбележувањето е подигање на јавната свест за важноста на бубрезите.

Во Општина Илинден отворена е канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје

Во рамките на просториите на Општина Илинден денеска е отворена канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, Лиридон Бафтији.