Пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем Илинден-Марино

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се изврши пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем за Илинден и Марино.

Прв Регионален саем за економски развој во општина Илинден

Во општина Илинден на 26 и 27 јуни (четврток и петок) , ќе се одржи првиот Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“ во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Во духот на православната традиција, денес во oпштина Илинден беше одбележан празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена. По тој повод, во црковниот храм кој го носи нивното име – „Св. Константин и Елена“ – се одржа света литургија, на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со…

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште.

Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал,…