Општина Илинден започна со изградба на пешачка патека во Илинден

Во рамки на активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот започна изградба на нова пешачка пaтека во населба Илинден. Пешачката патека ќе биде  во должина од над 400 метри и широчина од 1,8 метри која ќе се протега од влезот на новото основно училиште во Илинден по улицата ,,2”, се до раскрсницата на улиците ,,8”…

Продолжува градежната офанзива, изградена нова улица во локалната економска зона Ограѓа во Илинден

Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива” како и дел од проектот за подобрување на патната инфраструктура во локалните економски зони, Општина Илинден продолжува со изградба на нови улици.

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Со божествена литургија која се одржа во црквата ,,Св. Константин и Елена” во населба Илинден се одбележа денешниот голем христијански празник посветен на двајцата светители ,,Свети Константин и Елена”.

Се чисти коритото на Сува Река во Текија и Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на честење на речните корита. Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот од Дељадровци кон Текија и Миладиновци, при што од вкупно предвидените 4500 метри извршено е чистење на речното корито во должина од 3400 метри. Исто така, извршено е машинско чистење на сисавец на…

Се гради инфраструктурата околу новото основно училиште во населба Илинден

Во населба Илинден во тек се градежни активности во кругот на новата училишна зграда наменета за основно образование. Во моментот се работи на партерно уредување, уредување на приодите кон училиштето, изградба на паркинг простор, како и на другата инфраструктура неопходна за функционирање на новото основно училиште.