Почна изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за зафаќање и третман на отпадните води и пречистителни станици, во населба Илинден почна изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа.

Во спортски дух и со изложбени работилници одбележан патронатот на ООУ „Гоце Делчев“

Со бројни спортски активности и изложбени работилници учениците од ООУ „Гоце Делчев“ го одбележаа патронатот на училиштето и 119. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ…

Ново улично осветлување на неколку локации во Илинден

Во рамки на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, во населба Илинден на неколку локации поставени се нови линии.

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден

Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште.

Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во општина Илинден

Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.