Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака

Општина Илинден и ЈКП „Водовод“- Илинден започнаа со изградба на нова линија за фекална канализација во населба Јака,  во вкупна должина од околу 300 метри, а со изградбата на фекалната канализација  ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината. Со изградбата на оваа линија 95% од населбата ќе биде покриена со фекална канализација.…

Наскоро Општина Илинден ќе добие нов здравствен дом

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и министерот за здравство Арбен Таравари придружувани со заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски денеска извршија увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом.

 Нов видиковец во Бунарџик за жителите на Општина Илинден

Жителите од Општина Илинден добија ново место за релаксација и рекреација, станува збор за ново изградениот видиковец кој се наоѓа во делот на Бунарџик, место каде е поставена урбана опрема, изграден е видиковец од бетон, поставени се клупи, корпи за отпадоци, просторот e осветлен, хортикултурно уреден а во наредниот период ќе се изврши дополнително хортикултурно…

Изградба на нова улица и пешачка патека покрај новото училиште

Општина Илинден отпочна со изградба на улица н„6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Оваа Улица претставува сервисна улица со која се поврзува новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден како и Домот за стари лица кој е во интензивна градба.

Изградба на атлетска патека

Општина Илинден отпочна со изградба на атлетска патека и трибина на веќе изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден. Со завршување на градежните работи овој спортски комплекс ќе добие сосема нов лик кој веќе го носи името на прерано загинатиот бранител Драго Маневски.

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во Ограѓе

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во м.в. Ограѓе, населба Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа за фекална канализација во должина од 960 метри, пришто ќе бидат опфатени домаќинствата од улица.3, ул.5, ул.7 и дел од улица 2. Оваа мрежа на фекална канализација ќе се поврзе со пречистителната станица…