Во завршна фаза изградбата на централна кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во завршните градежни активности за изградба на нова централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“, објект кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција.

Отпочна изградбата на улица „103“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Увид во изградбата на секундарната линија на фекална канализација во месноста Плац

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес изврши увид на градежните работи за изградба на секундарната линија на фекална канализација, која е неопходна да се извршат приклучоците за домаќинствата на веќе изградената фекална канализација во месноста Плац, во Илинден.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, во увид на новиот урбан парк – плоштад

Општина Илинден континуирано вложува во уредување и модернизација на јавниот простор во сите населени места, создавајќи современи и пријатни локации за квалитетно поминување на слободното време на граѓаните. Во таа насока, во населеното место Марино е изграден нов урбан парк со повеќе содржини.

Градоначалникот Георгиевски изврши увид на системот за фекална канализација во н.м Кадино

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на завршувањето на капиталниот инфраструктурен проект за изградба на фекална канализација, во најниските делови од источниот и јужниот дел на населеното место Кадино, во општина Илинден.