Општина Илинден го креира буџетот за 2023 година, го слушаме гласот на граѓаните, работиме според нивните потреби

Одговорно, транспaрентно и во служба на граѓаните. Општина Илинден е во процес на изработка  на новиот Буџет за 2023 година, за таа цел, градоначалникот Александар Георгиевски секојдневно врши обиколка на населените места каде разговара со жителите на кои им достави анкетен прашалник преку кој можат да ги посочат своите предлози, потреби и проблеми со кои…

Асфалтиран коловозот на локалниот пат во Мралино, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на Општина Илинден

Во насока на реализација на проектните активности во делот на реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во општина Илинден, асфалтиран е коловозот на главниот локален пат во населено место Мралино во должина од 700 метри и ширина од 5 метри, со изградба и на нова пешачка патека со истата должина и ширина…

Започна реконструкцијата на патниот железнички премин Илинден  

Во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура“, започна реконструкцијата на фреквентниот железнички патен премин Илинден, со што  продолжува модернизацијата на локалната патна мрежа.

ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ЗА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ИЛИНДЕН-МАРИНО

Општина Илинден продолжува со интензивна изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино во должина од 5000 метри.