Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден

Детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден со завршна приредба испрати уште една генерација во прво одделение. Идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, со песна и игра се поздравија со своите воспитувачки.

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Со божествена литургија која се одржа во црквата ,,Св. Константин и Елена” во населба Илинден се одбележа денешниот голем христијански празник посветен на двајцата светители ,,Свети Константин и Елена”.

Градоначалниците на Илинден и Гази Баба во посета на Словенија

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски присуствуваат во повеќедневна посета на Вишња Гора, Република Словенија.

Општествено одговорни компании учествуваа во уредување на парк и игралиште во општина Илинден

Во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓанитете општина Илинден ја продолжува досегашната успешна соработка со бизнис сектортот во повеќе области на општественото живеење.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 20.05.2022 год. (петок) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши првото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.