Известување за асфалтирање на улица 36 во н.Илинден

Почитувани,    Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, се работи на целосна реконстукција на улица 36 во н.Илинден, улица која е во локалната зона Карагач и која ги поврзува населените места Илинден и Ајватовци. 

Денови на култура во општина Илинден 2024 „25-та Литературна манифестација“

Општина Илинден на 14, 15 и 16 мај 2024 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи јубилејната 25-та Литературна манифестација „Илинден 2024“, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.

Извршена ларвицидна дезинсекција на територија на општина Илинден

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ– Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Новото мултифункционално игралиште достапно за сите граѓани

Новото мултифункционално игралиште кое се наоѓа во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден е достапно за користење без надомест за сите граѓани во периодод од 15:00 до 24:00 часот, во деновите од понеделник до сабота.