Општина Илинден со брза реакција за нефункционална сигнализација на железничкиот премин

По констатираната нефункционална сообраќајна сигнализација на ден 14.12.2021г. на железничката пруга на влезот во општина Илинден, локалната самоуправа веднаш реагираше и испрати барање до Македонски Железници, стручните служби да извршат комплетна проверка и контрола на железничкиот премин.

Есенска дератизација и дезинфекција

Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2021 година, стручни екипи извршија редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.