Градинката „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

Со работна средба и доделување плакети за успешно и посветено работење на вработените кои повеќе од 10 години се грижат за најмладите, детската градинка „Гоце Делчев“ од општина Илинден по 13-ти пат го одбележа патрониот празник.

Општина Илинден дел од регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”

Да придонесеме за зајакнување на свеста на граѓаните за што помасовно селектирање на стаклената амбалажа и нејзино исфрлање во контејнерите (зелените ѕвона)

За прв пат еднократна парична помош за секое новороденче во општина Илинден

Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на Општината.

НОЌНА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Со цел подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите на општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до н.м. Мралино во деновите сабота и недела во терминот 00:15 часот.

Светиот крст донесен во Општина Илинден

Игор Јакимовски кој е еден од 30-ина учесници на централната манифестација во Скопје за празникот Богојавление- Водици, кај кој пристигна Богојавленскиот крст откако архиепископот г.г Стефан го положи во водите на реката Вардар, денеска ја посети Општина Илинден.