Општина Илинден за прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва, земјоделците се наш приоритет во работата
Во насока кон унапредување на земјоделието, Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, спроведе акција за бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработливата почва од 20 различни локации во сите населени места во општината.