Засадени нови високорастечки садници покрај новото основно училиште во Илинден

Продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“ при што денеска беа засадени околу 20-тина декоративни високорастечки дрвца од видот Јапонска цреша, а кои се донација од ТАВ Македонија. Во рамките на оваа акција и во наредниот период ќе бидат засадени над 200 разни декоративни садници на повеќе локации на територија на општина Илинден.

Проект „Зелена Општина Илинден“, засадени нови садници во образовно спортската зона Илинден-Марино

Во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“ денеска е реализирана нова акција во која засадени се над 50 високо растечки декоративни дрвца од повеќе видови, во соработка со општествено одговорни компании со кои во следниот период ќе бидат засадени повеќе од 200 разни садници.

Општина Илинден ја обновува урбаната опрема, сообраќајната сигнализација,  во целост ги реконструира сите патни железнички премини

Општина Илинден секојдневно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема, во изминатиот период  во неколку населeни места во Општината се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.

Општина Илинден редовно ја чисти и одржува каналската мрежа, исчистени  22.000 метри

Чистење и нивелирање на каналската мрежа, преставува континуиран процес на работа во служба на граѓаните.  Општина Илинден и АД Водостопанство „Скопско Поле“,  преку акциониот план за редовно одржување на проточност, интензивно работи на чистење на  каналите, досега во рамки на заштита на имотите на граѓаните од поплави, машински исчистивме мрежа на канали  во должина  речиси…

Во н.м. Миладиновци засадени 27.000 садници, Општина Илинден активен учесник во акцијата „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Во населено место Миладиновци денеска успешно реализирана акција за пошумување, отпочна акција  со која се засадени 27.000 садници  на простор од 10 хектари, акцијата е поддржана од ДМ Дрогерие Маркт и Македонски шуми со активно учество на Општина Илинден.

Засадени 2000 садници во населено место Ајватовци, продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“

Грижата за екологијата и здравата животна средина е врвен приоритет во работата на Општина Илинден, за таа цел, денеска се спроведе акција за пошумување во населено место Ајватовци.