Одбележан Светскиот ден на водата 22 март во општина Илинден

Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. 2023 година е годината посветена на промените во користењето на водните ресурси и се обележува под мотото: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.

Општина Илинден продолжува со чистење на коритото на Сува река

Општина Илинден продолжува со чистење на каналската мрежа и речните корита на нејзина територија. Согласно Годишната програма на Општината, Годишната програма на Водостопанство и Акциониот план за чистење на каналската мрежа на територија на општина Илинден,  во тек е чистење на коритото на Сува река на потегот од Бучинската брана кон местото наречено Дол на…

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, во рамките на Акциониот план за чистење на каналската мрежа на територија на општина Илинден за 2023 година, Годишната програма на Општината и Годишната програма на Водостопанство-Скопско поле, во координација со АД Водостопанство-Скопско поле Скопје,  ЈКП ,,Илинден”  и граѓаните од почетокот на годината досега исчистени се…

Засадени нови високорастечки садници во манастирскиот комплекс Дељадровци

Општина Илинден ја продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“ при што денеска во манастирскиот комплекс Дељадровци, беа засадени 30 декоративни високорастечки листопадни дрвца, донација од компанијата Џонсон Мети.

На покривот на средното училиште во Илинден поставени фотоволтаични панели

На покривот на СОСУ ,,Илинден” се поставени фотоволтаични панели, односно, фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија.

Градоначалникот на Општина Илинден на завршната конференција за проектот ,,Управување со отпад од стакло на Западен Балкан”

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Борче Мицановски присуствуваа на завршната Конференција на проектот ,,Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, под слоганот ,,Ѕвончето те повикува – рециклирај стакло”.