Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“
Општина Илинден успешно ја реализираше обемната акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во текот на активностите, на повеќе локации беа засадени повеќе од 600 садници од различни видови, со цел унапредување на квалитетот на воздухот, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните.






