Започна реконструкција на железничкиот патен премин во Дељадровци

Општина Илинден во соработка со ЈП ,,Македонски железници и инфраструктура” започна со реконструкција и модернизација на железничкиот премин во Дељадровци, а работните активности се предвидува да завршат за седум дена, доколку временските услови го дозволат тоа, период во кој овој патен премин ќе биде целосно затворен за употреба.