Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски е нов претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Советот за развој на Скопскиот плански регион, на денешната седница го избра градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за нов претседател на Советот за развој со мандат од една година.

Општина Илинден заедно со граѓаните  го креира  Буџетот за 2023 година

Креирањето на буџетот на Општина Илинден зависи од потребите на граѓаните, заеднички ја градиме иднината на Општината, идеите и предлозите ги интегрираме во финансиската програма за работа.

Општина Илинден за прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва,  земјоделците се наш приоритет во работата

Во насока кон унапредување на земјоделието, Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, спроведе акција за бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработливата  почва од 20 различни локации во сите населени места во општината.

Одбележана 21-та годишнина од смртта на Драго Маневски,  македонски бранител и припадник на безбедносните сили

Со положување на свежо цвеќе пред спомен плочата на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски, Општина Илинден ја  одбележа 21-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.

Безбедноста на учениците е врвен приоритет, реализирана вежба за евакуација при елементарни непогоди при ООУ „Браќа Миладиновци“

Во централното општинско основно училиште ООУ, „Браќа Миладиновци“, денеска беше изведена показна вежба за евакуација при елементарни непогоди.