Градоначалникот на Општина Илинден оствари средба со пратеник и заменик градоначалник од Република Србија

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска оствари работна средба со заменик градоначалникот на Општина Нова Црња од Војводина, Република Србија, господин Драган Даничиќ, како и пратеникот од таа Општина  во покраинското Собрание на Војводина, господин  Дејан Панич.

Ракометните репрезентативци од Илинден на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски

Тројцата ракометари од општина Илинден кои играат во македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски и Давид Савревски денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Поводот за оваа средба е претстојното Светското првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска овој месец.

Смарт таблети и новогодишни пакетчиња за децата од општина Илинден

Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели 60 смарт таблети во трите основни училишта на територија на општина Илинден, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од второ и IV одделение, како и за ученици од социјално загрозени семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и…

Ученици од ООУ ,,Гоце Делчев” на посета кај градоначалникот Александар Георгиевски

Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден на завршната конференција за проектот ,,Управување со отпад од стакло на Западен Балкан”

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Борче Мицановски присуствуваа на завршната Конференција на проектот ,,Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, под слоганот ,,Ѕвончето те повикува – рециклирај стакло”.

Општина Илинден и граѓаните заеднички го креираат Буџетот, презентирани нови предлози и идеи

Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска во просториите на Општина Илинден граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози во функција за подобрување на квалитетот на условите за живот.