Средба на градоначалникот на Општина Илинден и претседателот на Црвен крст

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со претседателот на Црвен крст на РСМ д-р Ромел Велев. За време на средбата се разговараше за продолжување на соработката во наредниот период, како и за тековните проекти на Црвениот крст кои ја промовираат солидарноста и меѓусебната поддршка на општинско ниво.

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари средба со атлетичарот Дарио Ивановски

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари средба со Дарио Ивановски, еден од најдобрите македонски атлетичари, човекот кој е актуелен рекордер на Македонија во 9 (девет) атлетски дисциплини и во 20 наврати ги има урнато националните рекорди.

Александар Георгиевски ја презема функцијата градоначалник на општина Илинден

Во општина Илинден официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.

Александар Георгиевски избран за нов градоначалник на општина Илинден

Александар Георгиевски е нов градоначалник на Општина Илинден. Според конечните резултати, на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година, уште во првиот круг тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Илинден во наредните четири години. Уверението за избран градоначалник на општина Илинден на градоначалникот Александар Георгиевски, му го…