Камен темелник за доградба на детската градинка во Општина Илинден

Отпочна изградбата на новиот дел за доградба на централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден, каде на свеченоста покрај големиот број присутни беа и градоначалникот на Општина Илинден,  Александар Георгиевски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и Подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден

Со завршна приредба детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава за Црвенкапа и волкот, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.

Одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Со прекрасно продготвена приредба, пред поголем број гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на свечен начин го одбележа 14-тиот патронен празник и 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Децата од детската градинка традиционално ги одбележаа Бадник и Божиќ

Традиционално и оваа година децата од ЈОУДГ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден, заедно со градоначалникот, директорката и вработените го одбележаа доаѓањето на големите христијански празници Бадник и Божиќ.

Фотоволтаични панели поставени на детската градинка во општина Илинден

Во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија, се реализираше завршен настан за промоција за поставениот прототип од фотоволтаични и термални панели кој се постави на кровот на детската градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Дечињата од  детската градинка „Гоце Делчев“ во посета кај градоначалникот Александар Георгиевски

Во рамки на воспитната програма во детската градинка „Гоце Делчев“, дечињата од групата Кокиче беа во посета на  градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.