Граѓаните во општина Илинден ќе плаќаат пониска цена за приклучок кон водоснабдителниот систем

Управниот одбор на ЈКП „Водовод” од општина Илинден на седница одржана на 23.02.2022 година донесе одлука за намалување на надоместокот за приклучување на физичките лица, односно домаќинствата на водоснабдителниот и канализацискиот систем и истата денеска беше изгласана од страна на Советот на Општина Илинден.

Известување за прекин во снабдувањето со вода за пиење во н.м Бунарџик и Ајватовци

Се известуваат корисниците на ЈКП “Водовод“ н.Илинден од населените места Бунарџик и Ајватовци дека поради дефект на главна водоводна линија денес 28.12.2021 година (вторник) водоснабдувањето ќе се одвива со намален притисок, додека утре 29.12.2021 година (среда) ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршувањето на санацијата на…