По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положи владиката Јоаким од Дељадровско – Илинденска Епархија и свештениците на црквата Св. Константин и Елена.

Од пријавените 32 учесници најсреќен беше Дејан Ристовски кој со своето учество, голема желба и упорност, успеа да го фати светиот крст и видно возбуден и среќен го прослави чинот заедно со останатите верници кои учествуваа во скокањето. Тој на оваа манифестација учествува секоја година, а светиот крст по втор пат доаѓа во неговите раце.

Покрај честитките за здравје, среќа и благослов во текот на целата година, најсреќниот Дејан Ристовски, традиционално доби поддршка од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Ристовски поддршка доби и од директорите на ЈКП „Водовод“ и ЈКП „Илинден“. Голема благодарност и до општествено одговорните компании кои учествуваа со свои подароци, како хотел Белви, ЗЕГИН, компанија „Атанасовски“ и копманија „Пнеуматик“.