Игор Јакимовски кој е еден од 30-ина учесници на централната манифестација во Скопје за празникот Богојавление- Водици, кај кој пристигна Богојавленскиот крст откако архиепископот г.г Стефан го положи во водите на реката Вардар, денеска ја посети Општина Илинден.
Градоначалникот Александар Георгиевски, му се заблагодари на Јакимовски што го донесе крстот во просториите на Општина Илинден, изразувајќи верба дека Светиот крст ќе донесе здравје, среќа, радост, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден. Градоначалникот Георгиевски на Јакимовски му подари икона од Св. Јован Крстител.
Јакимовски не ја криеше радоста и рече дека на манифестацијата учествува по 29-ти пат, а оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво. Притоа, заблагодарувајќи му се на градоначалникот Георгиевски, на сите граѓани им посака Светиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа.