Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Предан.

На средбата што се одржа во словенечката амбасада градоначалникот Георгиевски ја искористи можноста да го запознае словенечкиот амбасадор со реализацијата на тековните проекти во општина Илинден, презентирајќи му ги економските потенцијали на Општината и можноста за привлекување на нови инвестиции.

За време на средбата беа разменети позитивните искуства применети во општините во Република Словенија, а се зборуваше и за реализација на европски проекти во општина Илинден.

Средбата со словенечкиот амбасадор е резултат на досегашната долгогодишна успешна и плодна соработка на општина Илинден и претставниците на словенечката амбасада во нашата земја и воопшто соработката со Република Словенија во повеќе области.
На крајот од средбата беше констатирано дека и во иднина треба да продолжи оваа успешна соработка на повеќе полиња.