Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со претседателот на Црвен крст на РСМ д-р Ромел Велев. За време на средбата се разговараше за продолжување на соработката во наредниот период, како и за тековните проекти на Црвениот крст кои ја промовираат солидарноста и меѓусебната поддршка на општинско ниво.

Во рамките на таа соработка во општина Илинден е отворена канцеларија на хуманитарната организација Црвен крст, со цел хуманитарните услуги да бидат поблиску до граѓаните, како и намалување на човечкото страдање и градење на силни механизми за намалување на последиците од хуманитарните предизвици.