Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија со која чиноначалствување владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници.

Во рамките на манифестација ,,Саем на домашно вино” во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општина Илинден. На своевидниот вински фестивал кој прераснува во традиција,  учествуваа осум производители на вино.

Според одлуката на жири комисијата, која имаше навистина тешка задача при изборот, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино, на првонаградениот Слободан Јовановски, второто место го доби Страшко Ангеловски, а третото место Љубе Стојмановски, а благодарници за учество на манифестацијата ,,Саем на домашно вино” им беа доделени на сите учесници.