Маскирани во принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички… децата од градинката „Гоце Делчев“, како и основните училишта од општина Илинден, го одбележаа Светскиот денот на шегата 1-ви Април, ден што со нетрпение го чекаат целата година.

И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските, при што буквално ги оживеаја бројните ликови од детските приказни, од бајките, херои од стриповите.

Дел од веселата атмосфера и дефилето под маски во училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“, исполнета со многу смеа, песна и детски џагор, беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој не го криеше воодушевувањето од детската иновативност во маскирањето во ликовите на своите омилени јунаци.

Галерија (кликај на слика за зголемување):