Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.
Во рамки на одбележувањето во текот на неделата се одржаа повеќе активности во кои беа вклучени учениците. Беше пуштено во употреба на спортското игралиште за баскет во Мралино, се одржа литературно читање и уметничка галерија во централното училиште, есенски настан во подрачното училиште во Бунарџик како и свечена завршна приредба во централното училиште.
Спортската сала во која се одржа свечената приредба беше претесна за да ги прими сите оние кои сакаа да го проследат одбележувањето, а меѓу присутните ученици, родители и гости беше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Учениците се претставија со богата културно-забавна и уметничка програма, што беше исполнета со драмски точки, рецитали, ритнички вежби, хорска изведба, фолклор. За преграсно изведените точки учесниците во приредбата беа наградени со бурни аплаузи.