Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци го одбележаа патрониот празник на училиштето со богата музичка програма во име на среќата и безгрижната игра.
Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци, а во име на општина Илинден свежо цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски. Свежо цвеќе положи и делегација од училиштето предводена од директорката Марија Зоксимовска.
Веднаш по положувањето цвеќе следуваше богатата музичка програма проготвена од учениците на ООУ ,,Браќа Миладиновци”.